Испорака
Платформата за испорака на нарачките направени преку www.actiffshop.mk ја води Друштвото за производство, трговија и услуги Актифф ДОО Скопје, компанија основана според законите на Република Северна Македонија, со седиште на ул. „Босна и Херцеговина“ бр. 7а, 1000 Скопје, Северна Македонија (во понатамошниот текст: „Актифф“).
Што е намената на овие Услови?
Намената на Условите за онлајн нарачка и испорака е да Ви ги објасниме основните правила и принципи за нарачка преку нашата платформа, како и правниот однос кој произлегува од истите.
Овие Услови намерно ги изоставуваат деталните описи на прашања кои по својата природа имаат јасен контекст.
Условите се составени на македонски и албански јазик. Во случај на несогласување, преовладува верзијата на македонски јазик.
Платформата за онлајн нарачување и испорака е наменета исклучиво за нарачки со адреса на испорака на територијата на Република Северна Македонија.
Со прифаќање на овие Услови, се согласувате дека овластени претставници на Актифф ДОО и курирската служба со која има склучено договор за достава може да Ве контактираат за прашања поврзани со нарачката, испораката и продажбата на производите.
Платформата за онлајн нарачки, продажба и испорака е достапна само за регистрирани корисници.
Како и каде се извршува испораката?
Производите и местото на испорака ги избирате во делот за нарачки, каде што се достапни сите информации за производите и нивните цени.
Понудата на платформата за онлајн нарачки не е обврзувачка и важи сè додека производите се достапни на залиха.
Минималниот износ за нарачка изнесува 300 (тристотини) денари.
Кога станувате сопственик на нарачаните производи?
Сопственоста над нарачаните производи преминува кај Вас по нивната испорака од страна на овластениот доставувач на наведената адреса и по целосна уплата на вкупната цена на производите.
За валидна се смета цената која била важечка во моментот на нарачувањето.
Со примопредавањето на производите, Вие го преземате ризикот од евентуална штета или оштетување на производите.