Бесплатна достава за сите нарачки над 1200 денари. Доставата се врши за 2-3 работни денови.

Испорака

Испорака

Платформата за испорака на нарачките направени преку www.actiffshop.mk ја води Друштвото за
производство,трговија и услуги Актифф доо Скопје , компанија основана според законите на
Република Северна Македонија, со седиште на ул. Босна и Херцеговина бр. 7а, 1000 Скопје,
Северна Македонија (во натамошниот текст: „Актифф“).

Што е намената на овие Услови?

Намената на Условите за онлајн нарачка и испорака е да Ви ги објасниме основните правила и
принципи за нарачка преку нашата платформа, како и правниот однос кој произлегува од истите.
Овие Услови за онлајн нарачка и испорака намерно ги изоставуваат деталните описи на
прашањата кои сами по себе се со јасен контекст. Условите се составени на македонски и
албански јазик. Во случај на несогласување, преовладува верзијата на македонски јазик.
Платформата за онлајн нарачување и испорака е наменета за нарачки со адреса на испорака на
територијата на Република Северна Македонија.
Според овие Услови, Вие прифаќате дека овластени претставници на Актифф доо и курирската
служба со која имаа склучено договор за достава може да ве контактираат Вас за работи
поврзани со одредување на доставата и продажба на производите.
Платформата за онлајн нарачки, продажба и испорака е достапна само за регистрирани
корисници.

Како и каде се извршува испораката?

Избирате производ и место на испорака во делот за нарачки, каде исто така можете да ги
пронајдете сите информации за производите и нивните цени. Понудата на платформата за
нарачки не е обврзувачка и важи сé додека ја има на залиха. Минимален износ за нарачка е 300
(тристотини) денари.

Кога Вие станувате сопственик на нарачаните производи?

Сопственоста над нарачаните производи преку платформата за онлајн нарачки преминува кај Вас
после испораката на производот од страна на овластениот дсотавувач на Вашата адреса и откако
ќе платите вкупната цена на производот, односно онаа цена која била валидна во моментот на
нарачување. Ова подразбира дека Вие превземате ризик од штета на производите после примопредавање на
производите.

Back to top

The ultimate make-up shop page brings you everything you need

Filter by attribute