Бесплатна достава за сите нарачки над 1200 денари. Доставата се врши за 2-3 работни денови.

Правила и услови

Услови за користење на интернет продавницата

Добредојдовте на веб-страницата на www.actiffshop.mk .
Овие услови и правила го регулираат вашиот пристап и употребата на веб-страницата на
www.actiffshop.mk.
Ве молиме, внимателно прочитајте ги условите и одредбите објавени во овој документ, бидејќи
секое користење на нашата веб-страница значи прифаќање на условите и одредбите наведени во
овој текст.
Во рамките на оваа веб-страница, користењето на зборовите ние, наш, наши и брендовите кои се
објавени на веб страницата , се однесува на Друштво за производство трговија и услуги „АКТИФФ“
ДОО Скопје, со адреса на ул. „Босна и Херцеговина 7а , ЕМБС 5881358, ЕДБ 4030004513747
компанија основана според законите на Република Северна Македонија , како генерален
застапник и дистриубутер на брендовите објавени на оваа веб- страница за подрачјето на
Република Северна Македонија, која работи во свое име и за своја сметка, но како генерален
застапник и дистрибутер го користи името на брендовите.
„Вие“ се однесува на која било личност која пристапува кон оваа веб-страница и/или ја користи.

Информации за приватност

Сите лични податоци или материјали пратени на оваа веб-страница подлежат на условите
наведени во „Информации за приватност“ кои се наоѓаат на оваа веб-страница.
Информации за производите
Правиме напори да обезбедиме точност и комплетност на информациите (вид, форма,боја… ) кои
ги објавуваме на оваа веб-страница, но не сме одговорни ако информациите, што се дадени на
располагање на оваа веб-страница, се нецелосни. Вие како корисник ги прифаќате и ги користите
материјалите и информациите на оваа веб-страница на Ваш сопствен ризик. Согласни сте дека
Ваша е одговорноста да ги следите сите измени на материјалите и на информациите содржани на
оваа веб-страница.

Услови за пренос на податоци

Сè што ќе објавите, на оваа веб страница станува сопственост на www.actiffshop.mk .
Покрај тоа, www.actiffshop.mk има право да ги користи податоците за какви било цели како
развој, производство, промоција и маркетинг. Таков вид праќање на информации ќе се смета дека
ќе биде без надомест кон страната што ја испратила информацијата. Со доставувањето на
информациите, Вие, исто така, гарантирате дека ги поседувате правата на сопственост над

доставениот материјал/содржина и дека неговата/нејзината употреба од страна
www.actiffshop.mk нема да ги наруши правата на трети страни или на каков било друг начин ќе
ги прекрши кои било важечки закони од наша страна. Со поднесување идеја, изум, развој,
сугестија или концепт, Вие се согласувате за нејзино/негово објавување без надомест.
www.actiffshop.mk нема никаква обврска да ги користи или да ги открива овие информации.

Гаранции и одрекување од одговорност

Користењето на оваа веб-страница е целосно на ваша одговорност.
Исклучување на одговорноста
www.actiffshop.mk и трета страна вклучена во креирање, производство или испорака на оваа веб-
страница, од наше име, нема да биде одговорна за какви било штета,загуба или какви било
трошоци што произлегуваат од употребата, промените во содржината на веб-страницата на
www.actiffshop.mk или која било друга веб-страница. Исто така Актифф доо не е одговорен
доколку информациите на на веб страницата на www.actiffshop.mk се недостапни заради
исклучување или дефект на мрежата , како и за причини кои не се во наша контрола. Ова
вклучува, но не е ограничено само на штета предизвикана од софтверски вируси или дефекти како
користење на содржината на оваа веб-страница

Сите материјали на оваа веб-страница се предмет на промена без најава.

www.actiffshop.mk не прифаќа одговорност за каква било загуба поради вируси што можат да го
заразат Вашиот компјутер, или друг имот, преку употреба, пристап или преземање на кој било
материјал од оваа веб-страница. Ако изберете да преземате материјал од оваа веб-страница, тоа
ќе го сторите на Ваш сопствен ризик.

Забранета активност

Секое дејство што www.actiffshop.mk може да го смета за несоодветно и/или кое ќе се
карактеризира како незаконски акт или ќе се забрани со кој било закон што се применува на оваа
веб-страница, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

Секое дејство што претставува повреда на приватноста (вклучувајќи и објавување приватни
информации без согласност на поединецот) или кое било друго право на поединецот.

Веб-страница е искористена заради обвинувања или клевета против Актифф доо и/или
www.actiffshop.mk , нејзините вработени или против други лица, или заради каква било постапка
што би можела да му наштети на угледот на www.actiffshop.mk .

Согласни сте да ги регулирате сите спорови и тужби, кои произлегуваат од користењето на оваа
веб-страница, со законите на Република Северна Македонија и се согласувате со надлежноста на
судовите во Скопје, во Република Северна Македонија.

Ажурирање на информации

Го задржуваме правото да ги измениме и/или поправиме овие услови, без претходно
известување на нашите потрошувачи. Секој потрошувач може да ги провери тековните важечки
услови кога нарачува производ.

Back to top

The ultimate make-up shop page brings you everything you need

Filter by attribute